Дома Фудбал Конте заминува од Наполи по освоеното Скудето?

Конте заминува од Наполи по освоеното Скудето?

Антонио Конте порача дека е „многу тешко да се победи со Наполи”, но и дека ова била „исклучителна сезона” во која „момците заслужуваат признание”, откако ја освоија титулата шампиони на Италија во последното коло од Серија А 2024/25.

Наполи е новиот италијански шампион по победата од 2:0 против Каљари во петок вечер. Интер во исто време го совлада Комо на гости со истиот резултат, но не успеа да ја надомести предноста на Наполи во борбата за Скудетото. Конте стана само вториот тренер во историјата кој освоил Серија А со три различни клуба, следејќи ги стапките на легендарниот Фабио Капело, откако претходно беше шампион со Јувентус и Интер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Повторно се случи и тоа е нешто прекрасно. Кога пристигнувавме на стадионот, беше тешко воопшто да се влезе внатре, не знам колку луѓе имаше. Помислив, ако ги разочараме, ќе го носиме тој товар долго”, рече Конте на прес-конференцијата по натпреварот.

Ќе остане ли Конте на клупата и следната сезона?

„Сега уживаме во овој момент. Имам добар однос со претседателот. Ајде да кажеме дека низ оваа сезона се запознавме: и двајцата сме победници. Можеби различни, но двајцата сме победници.”

Фото: Грок АИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ужас на влезот на Мостар: Маскирани навивачи извршија брутален напад и го запалија автомобилот (Видео)

Во вторникот наутро се случи тежок инцидент на магистралниот пат М-17, на влезот во Мостар…