Дома Фудбал Конте верува во титулата на Наполи: Навивачите го заслужуваат тоа

Конте верува во титулата на Наполи: Навивачите го заслужуваат тоа

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека неговиот тим и понатаму игра над своите реални можности и додаде дека верува дека клубот од Неапол може да ја освои титулата во Серија А, објавија денеска италијанските медиуми.

Фудбалерите на Наполи одиграа нерешено на домашен терен против Џенова (2:2) во неделата вечер, додека Интер го совлада Торино на гости (2:0) во 36. коло на Серија А.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Наполи, две кола пред крајот на италијанското првенство, се наоѓа на првото место на табелата со 78 бодови, додека Интер е втор со 77.

Завршницата на сезоната претставува цел која на почетокот беше апсолутно незамислива. Би било неверојатно да го оствариме тоа. Овие навивачи го заслужуваат, бидејќи луѓето од Неапол нè следеа со страст и ентузијазам – рече Конте.

Сѐ уште играме над нашите реални можности, и затоа можеме само да им се заблагодариме на овие играчи за сè. Горко е, бидејќи резултатот не беше праведен, но секогаш им велам дека деталите ја прават разликата, а во тие детали можевме да бидеме подобри – додаде тренерот на Наполи.

Тој истакна дека Наполи пропушти многу шанси на натпреварот против Џенова.

Џенова имаше два удари во рамките на голот и постигна два гола. Такви работи се случуваат во фудбалот – кога примаш гол, секогаш постои нешто што можеше да го направиш подобро – наведе Конте.

Фудбалерите на Наполи ќе гостуваат кај Парма во 37. коло, а потоа во последното коло ќе го пречекаат Каљари. Интер ќе го пречека Лацио на својот терен, а потоа ќе гостува кај Комо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола тргнува по потпис на една од ѕвездите на Барселона

Пеп Гвардиола гледа кон Барселона и сонува за Дани Олмо. Манчестер Сити сака да донесе мод…