Дома Фудбал Конте подготви „пеколно“ лето – доаѓа Де Брујн, но и засилување од Ливерпул!

Конте подготви „пеколно“ лето – доаѓа Де Брујн, но и засилување од Ливерпул!

Фудбалерите на Наполи се борат за титулата, но за следната сезона веќе се подготвуваат засилувања.

Како што открија италијанските медиуми, Наполи е во напреднати преговори со Федерико Киеза, кој е воодушевен од идејата да се врати во татковината. Тој е сосема во втор план кај Арне Слот и Ливерпул бара излезно решение, а не е невозможна и позајмица со право на откуп.


Освен Киеза, најблизу до Наполи е и – Џонатан Дејвид. Канаѓанецот денес потврди дека ќе го напушти Лил на крајот на сезоната, заминува како слободен играч бидејќи му истекува договорот. Наполи е најконкретен и сака да го доведе Дејвид уште во текот на јуни месец.

Дејвид беше на мета на Барселона, во игра беше и Интер, но Наполи е подготвен да ги исполни сите негови финансиски барања, како и да му ја додели најважната улога. Канаѓанецот бара бонус од 10 милиони евра бидејќи доаѓа како слободен играч, што доведе до повлекување на Интер од трката.

Не треба да се заборави дека Наполи се обидувал да го донесе и Кевин Де Брјун, кој наводно е заинтересиран да се пресели во Неапол, бидејќи верува дека сè уште може да игра на најголемата сцена.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска пресуда: Затвор за расистички навреди на Винисиус

Во четврток, во Шпанија беше испишана историја – беше изречена пресуда на петмина на…