
Наполи го освои Скудетото, а Антонио Конте беше сметан за “поранешен”.
Сепак, тотален пресврт се случи синоќа, Наполи договори соработка со Конте кој останува во Неапол. Тоа го потврди и тренерот.
Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
„На крајот на секоја сезона постои дискусија меѓу тренерот и клубот, да се осврне на сезоната и да се разбере дали имаме иста визија за иднината, иста визија да победуваме.
Ние имаме иста визија. Ние сме сериозни луѓе. Разговаравме, ги оценивме позитивните и негативните работи од сезоната,” рече тој.
Тој додаде дека има за цел Наполи да остане на врвот.
“Да се слави Скудетото е неверојатно. Постои желба да се продолжи со градење темели за Наполи, да се оди во насока поради која Неаполитанците ќе бидат горди,” рече Конте.
Претседателот на клубот Де Лаурентис веќе има формирано некои планови за летото.
„Пред нас е важна сезона,” рече Де Лаурентис.
„Конте е гаранција, ќе се потрудам да направам сè што тој сака за да го зајакнеме Наполи и да достигнеме најдобри резултати,” рече Де Лаурентис.
Конте сигурно ќе остане и за следната сезона, а понатаму неговата судбина е неизвесна.
Фотo: Принтскрин