
Наполи ќе влезе во финалните борби за Скудетото без својот стопер Алесандро Бондџорно, кој во победата против Торино (2:0) пред два дена се повреди и ја заврши сезоната.
Бондџорно го напушти теренот во 64. минута, веднаш се виде дека ситуацијата не е добра, а првите анализи покажаа повреда на бедрениот мускул која бара рехабилитациски процес.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според информациите од Џанлука Ди Марцио од “Скај Спорт Италија”, повредата е сериозна и Бондџорно повеќе нема да игра оваа сезона.
Наполи е многу блиску да стане шампион на Италија по втор пат во три години. Четири кола пред крајот на Серија А е лидер на табелата со 74 бода, што е три повеќе од бранителот на титулата Интер.
Фото: Принтскрин