Дома Фудбал Конте на чекор од Јувентус: Де Лаурентис веќе јавно се збогуваше!

Конте на чекор од Јувентус: Де Лаурентис веќе јавно се збогуваше!

Аурелио Де Лаурентис, претседателот на Наполи, упати јавно признание на Антонио Конте, личноста која успеа да ја трансформира екипата по разочарувачкото десетто место минатата сезона и повторно ја врати на врвот на Серија А. На свечената вечера во Посилипо, организирана како дел од големото славје, вклучувајќи го и дефилето на автобусот со откриен покрив низ улиците на Неапол, Де Лаурентис одржа емотивно обраќање кое делуваше како евентуален крај на соработката со тренерот.

“Искрено и со цело срце го гушкам овој господин затоа што ја презеде екипата кога беше на раб на провалија и заедно успеавме да ја зацврстиме. Потоа, продолжи напред и, иако во еден момент остана без ѕвезда како што е Кварацхелија, сепак преку повеќе несреќни околности и повреди успеа недостатоците да ги претвори во предности, користејќи не еден, туку четири-пет различни системи на игра.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Целиот свет му покажа дека не ситемите се важни, туку мајсторот кој совршено го разбира фудбалот. Не донесе до крајот и ни го донесе второто Скудето за три години. Затоа ве молам за еден аплауз… Благодарам, благодарност, благодарност!”, изјави Де Лаурентис додека Конте стоеше до него.

По неговото обраќање, зборот му го додели на тренерот, кој се заблагодари на клубот, играчите и соработниците, додека претседателот своето говорење го заврши со најзначајната реченица на вечерта: “Се надевам дека Конте ќе продолжи да постигнува успеси во неговиот професионален живот. Тој е човек кој заслужува респект и успеси. Секој ден живее со целосна посветеност. Благодарност, Антонио!”

Според последните најави во италијанските медиуми, кариерата Конте ќе ја продолжи во Јувентус. Фото: SSC Napoli/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна најважниот потпис во Барселона – потпиша една од најголемите ѕвезди

Младата ѕвезда на шпанскиот фудбал, Ламин Јамал, вечерва и официјално ја потврди својата и…