Квича Кварацхелија е сè поблиску до заминување од Наполи. Фабрицио Романо пред неколку дена откри дека Париз Сен-Жермен се обидува да го доведе Грузиецот во своите редови и дека Наполи е отворен за продажба по цена од 80 милиони евра. Исто така, беше напишано дека ПСЖ не планира да плати толкава сума, и дека Французите се обиделе да го вклучат Милан Шкриниар во трансферот, кој не се наоѓа во плановите на Луис Енрике.
Информациите од Италија и Англија велат дека и клубовите како Ливерпул и Челси се заинтересирани, но се истакнува дека ПСЖ е фаворит за неговиот потпис. Исто така, е потврдено дека Кварацхелија ги договорил личните услови со Парижаните, па останува само договор меѓу клубовите за да се заврши трансферот. За целата ситуација беше прашан и Антонио Конте, кој одговори:
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
“Разговарав со Квича и тој потврди дека има план веднаш да го напушти клубот. Се обидов да го убедам Кварацхелија да остане, но е решен да замине и да отвори ново поглавје. Клубот и неговиот агент сега ќе најдат решение… Не можам да го задржам Квара тука ако тој не сака да остане”. Романо исто така наведува дека клучната средба за завршување на договорот со ПСЖ ќе се одржи следната недела.
.🚨🔴🔵 Пари Сен-Жермен се согласиле за сите услови на договорот на Хвича Кварацхелија за следните пет години.
— Фабрицио Романо (@FabrizioRomano) 11 јануари 2025
Платата ќе биде 4/5 пати поголема од неговата сегашна во Наполи.
ПСЖ се во преговори со Наполи, како што беше откриено пред два дена…
…нова средба следната недела за да се заврши договорот. pic.twitter.com/fEQE8ccmU9