Дома Фудбал КОНТЕ ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ХАОС НА ПАЗАРОТ: Наполи ќе му го одземе напаѓачот на ривалот од Серија А!?

КОНТЕ ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ХАОС НА ПАЗАРОТ: Наполи ќе му го одземе напаѓачот на ривалот од Серија А!?

Антонио Конте може да го запали пазарот на Серија А. Sky Sport Italia пишува дека тренерот на Наполи внимателно ја следи ситуацијата околу Еван Фергусон, напаѓачот на Брајтон кој во моментов е на позајмица во Рома.

Ирскиот репрезентативец во 21 настап за тимот од Рим постигна пет гола и две асистенции, но сè уште не го има целосно убедено тренерот Џан Пјеро Гасперини. Токму тука Наполи гледа можност, подготвени да реагираат доколку Рома одлучи предвремено да ја прекине позајмицата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно, Конте многу го цени Фергусон и го смета за еден од најперспективните млади напаѓачи во Европа, а во Наполи веруваат дека под неговото водство би можел да експлодира.

Ако трансферот се реализира, Наполи директно би го ослабнал ривалот од Серија А и ќе го добие капиталецот за иднината. Трансфер-сагата е само што започна, а Конте очигледно нема намера да чека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона му понудила нов договор на Левандовски, но не го очекувала тоа што го направил полскиот голгетер

Барселона неодамна му го предложи нов договор на Роберт Левандовски, но не можеа ни да пре…