Дома Фудбал Контактите биле направени: Погба има пет опции?

Контактите биле направени: Погба има пет опции?

Каде ќе ја продолжи кариерата Пол Погба? Изгледа дека Французинот ќе почека до летото 2025 година за да донесе одлука.

Пол Погба од вчера е слободен во потрагата по нов клуб во својата кариера, со оглед на тоа дека истече неговата забрана за играње фудбал поради допинг.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Некогашната суперѕвезда на Манчестер Јунајтед и Јувентус бара нов клуб откако минатата година го раскина договорот со Старата дама.

Погба првично беше казнет со четиригодишна суспензија во минатиот февруари поради користење на забранета супстанца ДХЕА.

Сепак, по усвоената жалба, казната му беше намалена на 18 месеци и заврши вчера. Овој 31-годишник до крајот тврдеше дека не направил ништо лошо и изјави дека не знае како забранетата супстанца стигнала во неговото тело.

Сега може да се врати на фудбалот, а според пишувањата на англискиот The Sun постојат дури пет клуба кои би сакале да го видат Французинот во нивните редови.

Манчестер Јунајтед

Погба долеа масло на огнот уште во јануари, кога објави интересен цртеж на него на Олд Трафорд заедно со Амад Диало во дресот на Црвените ѓаволи.

Погба има одиграно 233 натпревари во дресот на Јунајтед во два различни периоди во клубот, но за неговиот трансфер од Јувентус клубот потроши 100 милиони евра.

Последен пат го напушти Олд Трафорд како слободен играч во 2022 година, кога повторно како слободен играч се пресели во Торино, односно во Јувентус.

Иако би го засилил Јунајтед, Погба нема да биде решение за сите насобрани проблеми кои секојдневно излегуваат на површина во Манчестер.

Интер Мајами

Дејвид Бекам има јасна цел – да доведе што повеќе фантастични фудбалери во МЛС и особено во неговиот Интер Мајами.

Погба веќе се сретна со него на отворањето на новата сезона на МЛС 2025 година, против екипата на Њујорк Сити на Флорида минатиот месец.

Тогаш објави фотографија со него, а веќе е познато дека Бекам смета дека засилување како Погба дополнително би го приближило кон целта – освојување на Светско клупско првенство.

Погба би претставувал многу интересна и компактна целина заедно со Меси, Суарез, Бускетс, Албо.

Марсеј

Враќањето во татковината Франција е уште една од можните потези за Пол Погба, но зошто токму Марсеј?

Имено, Роберто де Зерби веќе порано ги отвори вратите за можноста дека Погба би дошол, а тоа го покажа и со доведување на Мејсон Гринууд, кој оваа сезона е вистински погодок.

“Јас секогаш би сакал да имам шампиони во мојот тим. Погба отсекогаш бил шампион, но искрено, кога станува збор за нашиот стручен штаб и разговорите за него – засега го немалое”, изјави во една прилика Де Зерби кога беше запрашан за доаѓањето на Погба.

Саудиска Арабија

Патот по кој тргна неговиот поранешен соиграч Н’Голо Канте. Овој средишен пар на Франција ја донесе Светската титула во Русија во 2018 година, и многу клубови би платиле богатство за Погба.

Фенербахче

Можеби најнереалната опција, но со турската Суперлига никогаш не се знае, како и со гигантите од Босфор.

Кој би рекол дека Осимен ќе заврши во Галатасарај? Ретко кој, а истото се зборува и за Погба во дресот на Фенербахче со Един Џеко и други фудбалери.

Сепак, Жозе Мурињо и Фред би можеле да го убедат Погба да му “даде шанса” на Истанбул и да ја оживее својата фудбалска кариера таму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Астон Вила го чекираа билетот за четвртфинале

Во првите дуели, Арсенал и Астон Вила обезбедија значителна предност, па денеска само треб…