Дома Фудбал Консеисао е минато: Ибрахимовиќ го избра новиот тренер Милан?!

Консеисао е минато: Ибрахимовиќ го избра новиот тренер Милан?!

Фудбалскиот клуб Милан повторно тргнува од почеток. Серхио Консеисао не ги исполни очекувањата, иако започна одлично, со освојување на трофеј во Суперкупот на Италија.

„Газета дело Спорт“ утрово открива дека Роберто Де Зерби повторно е опција број еден.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој и летово беше поврзуван со Милан, но не дојде до договор, па избра Олимпик Марсеј. Инаку, не е тајна дека Де Зерби е голем фан на Милан и никогаш не криел дека неговиот сон би се остварил ако ја преземе клупата на „росонерите“.

Проблем е што Де Зерби има договор со Марсеј до летото 2027 година и францускиот клуб нема така лесно да го пушти.

Како други опции се споменуваат и познати имиња, Антонио Конте и Масимилијано Алегри, иако тие не ја добија целосната поддршка од управата на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тргна со плата од 300 евра, а овој викенд ќе израмни голем рекорд во Премиер лигата

Дваесет и четири години по неговото дебитирање, 40-годишниот Џејмс Милнер в недела против …