Дома Фудбал Конечно: Кејлор Навас пред потпис со новиот клуб

Конечно: Кејлор Навас пред потпис со новиот клуб

Кејлор Навас е без клуб веќе шест месеци, но не планира да ја заврши кариерата. 

Овој одличен голман има 38 години и бараше нов клуб во претходниот период, а според сите изгледи, кариерата ќе ја продолжи во Аргентина. 

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Станува збор за тимот Њуелс Олд Бојс, познат по тоа што во него својата младинска кариера ја започна Лионел Меси. 

Сè е договорено помеѓу Навас и клубот, остануваат само медицинските прегледи за да се заврши приказната околу неговиот нов клуб. 

Во летото Навас беше на прагот на Монца, но тогаш не ги помина медицинските прегледи. 

Искусниот Костариканец играше за Саприса, Албасете, Леванте, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и Нотингем Форест. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов скандал во македонскиот фудбал (видео)

Свежи се сеќавањата на дуелот помеѓу Башкими и Кожуф со кој кумановскиот состав избори бар…