Дома Фудбал „Компани потроши 127 милиони, испадна со Барнли и доби работа во Баерн Минхен“

„Компани потроши 127 милиони, испадна со Барнли и доби работа во Баерн Минхен“

Долгогодишниот менаџер на Барнли, Шон Дајч, изрази незадоволство во британските медиуми вчера поради Венсан Компани.

Младиот белгиски тренер ова лето од никаде ја доби работата во Баерн, и тоа откако со Барнли испадна од Премиер лигата. Сега е на прагот да ја освои Бундеслигата и се пласираше во четвртфинале на Лигата на шампионите, каде што Баварците ќе ги одмерат силите со Интер.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Дајч, кој оваа сезона беше отпуштен од Евертон, не ги штедеше критиките кон Компани, а сето тоа е поради Барнли, кој го чувствува како свој клуб.

Јас во Барнли потрошив 9.000.000 во 2014 година и испаднавме од Премиер лигата со 33 освоени бода. Компани освои 24 бода, иако потроши 127.000.000 фунти за засилувања. А потоа доби работа во Баерн“, изјави Дајч и потоа изговори уште неверојатни зборови:

Дајте, мене ништо не ми е јасно. Не знам како функционираат овие работи. Би сакал да сум работел така, би сакал по сето тоа да можев да го преземам Баерн“, истакна Дајч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија испушти победа во последната секунда (видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија одигранерешено против Велс, но победата ја испушт…