
Фудбалерите на англискиот четвртолигаш Гримсби Таун вчера приредија сензација победувајќи го Манчестер Јунајтед во 2. коло на англискиот Лига куп со 12:11 по изведување на пенали. Мал клуб од источниот брег на Англија го изведе најголемиот подвиг во својата историја, додека Јунајтед претрпе ново големо понижување. Сè повеќе се поставува прашање за останувањето на Рубен Аморим на местото тренер на тимот од Олд Трафорд.
Реакции од клубот во вид на промена на тренерот или поддршка сè уште нема, но англиските медиуми се занимаваат со тоа прашање. Колку е успешен или неуспешен на клупата пишува и Би-би-си кој таксативно истакна што досега направил Португалецот во клубот.
Постигнувања на Аморим на клупата на Јунајтед:
- Процентот на победи на Рубен Аморим во Премиер лигата изнесува само 24,7 проценти.
- Неговиот учинок е полош од било кој менаџер на Јунајтед по ерата на Сер Алекс Фергусон, а Дејвид Мојс сo 50 проценти победи е втор најлош.
- Јунајтед победи во само 7 од 29 лигашки натпревари под негово водство.
- Тимот минатата сезона освои само 42 поени, што е најлош учинок во историјата на клубот откако се игра Премиер лигата.
- Тие завршија на рекордно ниската 15-та позиција и постигнаа само 44 гола во текот на целата сезона.
- Од почетокот на сезоната 2024/25, меѓу клубовите од петте најсилни европски лиги, само Џенова од Серија А, која победи во еден од првите 10 натпревари минатата сезона, почесто остануваше без постигнат гол во првото полувреме од Манчестер Јунајтед.
- Аморим водеше 29 натпревари во Премиер лигата и освои само 28 поени.
- Против англиските клубови во куп натпревари, Аморим има една победа (против Арсенал по пенали во ФА Купот) и четири порази (Тотенхем и Гримсби во ЕФЛ купот, Фулам во ФА Купот, Тотенхем во Лига Европа).
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Фото: Grok AI