Дома Фудбал Колина криел тајна цели 23 години: Намерно ги прекршил правилата во финалето на Светското првенство во 2002 година

Колина криел тајна цели 23 години: Намерно ги прекршил правилата во финалето на Светското првенство во 2002 година

Познатиот италијански судија Пиерлуиџи Колина по 23 години призна дека намерно прекршил правило во легендарното финале на Светското првенство 2002 година меѓу Бразил и Германија кое се играше во Јужна Кореја и Јапонија.

Имено, Колина по секоја цена сакал да ја зачува топката од финалето па се одлучил за интересен потег.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


“Тогаш досудив крај на натпреварот 13 или 14 секунди подоцна, без оглед на резултатот. Сакав да бидам сигурен дека ќе ја имам топката во рацете и дека ќе ја однесам дома”, призна Италијанецот во разговор за дневникот Ла Република.

Инаку, на сите фотографии од свечената церемонија по финалето може да се види Колина со топката во рака бидејќи буквално не се одвојуваше од неа.

Еден од членовите на огранизацискиот тим се обиде дури да му ја одземе топката, но Колина тврдоглаво се спротивстави.

На крајот ја исполни својата голема желба и ја однесе дома топката.

Топката моментално се наоѓа во неговата теретана, а од познатото финале има и дресови на Роналдо, Кафу и Дитмар Хаман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Индиска фудбалерка нарече полицаец „глупав белец“: Судот пресуди – не е расизам!

Една од најдобрите фудбалерки во светот Сем Кер (31) беше ослободена од обвиненијата за ра…