
Не помина ни една недела откако Тиаго Мота беше сменет од позицијата тренер во Јувентус, веќе се појавуваат информации дека нема долго да биде без работа.
Сè поинтензивни се шпекулациите кои го поврзуваат со Аталанта, но и со можно враќање во Франција.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Мота беше отпуштен од клупата на Јувентус во недела. Клубот ја објави веста официјално истиот ден, Мота и неговиот стручен штаб ги собраа работите од тренинг-центарот Континаса во понеделник, а неговиот наследник Игор Тудор го одржа првиот тренинг уште вечерта во понеделникот.
Иако веста за заминувањето на Мота е сè уште свежа, веќе кружат гласини кои го поврзуваат со нов ангажман во Серија А, како и неколку можности во странство. Тутоспорт наведува дека Мота е меѓу кандидатите за наследник на Џан Пјеро Гасперини во Аталанта”.