Дома Фудбал Италија „Koриере дело спорт“: Милан одлулчил – Донарума заминува!

„Koриере дело спорт“: Милан одлулчил – Донарума заминува!

Според италијанските медиуми, поточно „Кориере дело спорт“, Џанлуиџи Донарума го напушта Милан.

Како што пишува реномираниот италијански медиум, клубот одолучил и не сака од целата ситуација да прави нова сапуница. Како доказ за такво нешто се наведува договорот од три милиони по сезона кој му е понуден на Пепе Реина.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Донарума наводно ја изгубил довербата во соблекувалната, далеку од тоа дека брани лошо, но не е на нивото од минатата сезона.

Според информациите, нова дестинација на Донарума би бил Пари Сен Жермен кој е во потрага по голман од топ класа.

Јуве наводно му порачал на Раиола дека не го сака Донарума, тие го избраа Шчесни и веруваат дека во иднина тој може да биде прв голман и дека веќе докажал дека може да го наследи Буфон.

Доколку овие информации на „Кориере Дело Спорт“ се точни останува отворено прашањето на оштетата.

Кога е таа во прашање ПСЖ веројатно е спремен да плати помеѓу 40-50 милиони евра, Милан оваа сума би ја искористил да го покрие трошоците, како и да доведе нови играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…