Дома Фудбал Клуб од МЛС ќе дава бесплатни влезници за навивачите затоа што Меси не настапил за Интер Мајами

Клуб од МЛС ќе дава бесплатни влезници за навивачите затоа што Меси не настапил за Интер Мајами

Фудбалскиот клуб Динамо Хјустон излезе со понуда за навивачите кои купиле билети за мечот со Интер од Мајами, а нема да го гледаат Меси во акција поради тоа што е повреден.

Динамо одлучи дека фановите кои купиле билети за овој меч со Мајами ќе можат бесплатно да го гледаат следниот меч во кој ќе игра Меси. Оваа одлука е обид на клубот да им обезбеди утеха на фановите кои купиле билети за овој меч.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Оттука и реакцијата на Хјустон да се оддолжи на навивачите кои во голем број купиле билети само за да ја видат ѕвездата на МЛС-та и еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Во деновите пред натпреварот, Хјустон најави доаѓање на Аргентинецот, но како што изјавија од клубот, не можат да влијаат на тоа кој ќе игра на страната на противничката екипа.

“За жал, ние како клуб не можеме да контролираме кој од противничките фудбалери ќе игра на натпреварот против нас. Навивачите кои ќе дојдат на стадионот можат да аплицираат за бесплатни билети за следниот меч на Динамо оваа сезона кој ќе се игра. Со повеќе детали ќе излеземе во јавноста следната недела”, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави дресот на Реал Мадрид за сезоната 2025/2026 – еве како ќе изгледа! (Фото)

Во Реал Мадрид од сезона во сезона ги менуваат дресовите, а изгледа дека и во сезоната 202…