Дома Фудбал Клоп се согласил да ја слушне понудата на Реал Мадрид

Клоп се согласил да ја слушне понудата на Реал Мадрид

Поранешниот менаџер на Ливерпул Јирген Клоп се согласил да разговара со претставници на Реал Мадрид за можноста да го наследи Карло Анчелоти на “Сантијаго Бернабеу”. Тоа го тврдат “Спорт” и UOL Esporte.

Германецот речиси една година е надвор од тренерството, откако го напушти “Енфилд”, а од почетокот на 2025 година ја презеде позицијата на директор за фудбалски прашања во “Ред Бул”. Тогаш Клоп увери дека за сега нема никаква намера повторно да биде тренер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа, според споменатите извори, Германецот е подготвен да се врати за атрактивен проект и моментално би размислил единствено за понуди од Реал и националниот тим на Бразил. Интересно е што Карло Анчелоти, за кого денес “Скај Спортс” објави дека ќе ја напушти позицијата во Реал веднаш по финалето за Кралскиот куп против Барселона, е секако најголемиот фаворит за иден селектор на Бразил.

Претседателот на Реал Флорентино Перез сонува за опцијата со Клоп на чело на тимот, гледајќи во него совршен одговор на успехот кој оваа сезона го има Барселона со неговиот сонародник Ханзи Флик.

Интересно е што еден од омилените играчи на Клоп во Ливерпул – Трент Александер-Арнолд, се смета за сигурно ново засилување на кралскиот клуб летово.

Чаби Алонсо и Зинедин Зидан се другите големи фаворити за позицијата, која речиси сигурно ќе биде ослободена најдоцна до летото, ако тоа не се случи и порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ се вклучи во трката за Душан Влаховиќ!?

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел во текот на летото да ја промени средината, а как…