Дома Фудбал Клоп откри кој фудбалер не го сака, а има и причина

Клоп откри кој фудбалер не го сака, а има и причина

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, во неодамнешно интервју откри дека постои еден фудбалер во Премиерлигата кој не го сака, а сето тоа поради инцидент кој се случил пред седум години.

Многумина беа изненадени кога Јирген Клоп донесе одлука дека повеќе нема да биде тренер на Ливерпул по крајот на сезоната 2023/24, и се запрашаа како тимот ќе изгледа без него.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Дојде Слот и на Ливерпул му оди одлично и сигурно е дека тоа го радува и Клоп, бидејќи неговиот поранешен тим очигледно ќе освои нова титула.

Сепак, Клоп во неодамнешно интервју се присети на случувањата од 2019 година, и откри дека не го сака премногу Џејмс Медисон кој тогаш играше за Лестер, а сега игра за Тотенхем.

Клоп освои седум големи трофеи на клупaта на Ливерпул, вклучувајќи ја првата титула во Премиерлигата по 30 години и шестата титула во Лигата на шампионите.

Но, кога се вратиме на 2019 година, Манчестер Сити ја освои титулата поради феноменалниот гол што го постигна дефанзивецот на тимот од Етихад, Винсент Компани.

Тогаш им ја “украдоа” титулата, но Клоп сè уште се сеќава на сето што се случи тогаш.

“Во моментот кога Компани ја допре топката, бев многу среќен затоа што не добив срцев удар, така се чувствував.

Се сеќавам дека лежев на креветот и чекав, но си велев себеси “Медисон блокирај го, затвори го””, се сеќава Клоп.

Тука не заврши Клоп.

“Оттогаш баш не го сакам Медисон. Бев лут на Роџерс тој ден затоа што мислам дека требаше да го извади од игра, беше изморен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големото промашување на Јувентус уште повеќе ги налути навивачите – по дебаклот се забавувал во ноќен клуб!

Бразилскиот фудбалер Даглас Луиз се најде во центарот на вниманието откако бил забележан в…