Дома Фудбал Клоп нема дилеми: Откри каде сигурно нема да биде тренер

Клоп нема дилеми: Откри каде сигурно нема да биде тренер

Светската спортска јавност беше шокирана во финишот на минатата сезона кога тогашниот долгогодишен менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, објави дека летово ќе се повлече од таа позиција.

Уште повеќе изненади неговата одлука да стане шеф на операции во “Ред Бул системот”, а германскиот стручњак вчера повторно ја подигна тензијата со својата изјава дека можеби никогаш повеќе нема да се занимава со тренерската работа, но и ако некогаш реши да се врати на тоа работно место, тоа нема да биде во Ред Бул, каде што сега е дел.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


“Не сакам прашања за тоа што мислам дека ќе се случи за пет години. Навистина не можам да знам, ниту пак мислам дека некој од присутните овде може да знае. Единствено што знам е дека моите размислувања не одат во правецот да се занимавам со тренерската работа”, изјави Клоп на конференцијата за медиуми и додаде:

“Не знам, можеби еден ден ќе се предомислам и ќе се вратам на клупа, но едно е 100 проценти сигурно, дури и да почнам некого да тренирам тоа сигурно нема да биде ниедна екипа од компанијата Ред Бул. Тоа можам со сигурност да го кажам.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…