Дома Фудбал Клоп не доаѓа во Мадрид, но веќе се знае кој е новиот тренер на Реал Мадрид

Клоп не доаѓа во Мадрид, но веќе се знае кој е новиот тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе влезе во новата сезона со нов тренер, а според сите проценки, тоа ќе биде Унаи Емери.

Иако претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, силно го посакува Јирген Клоп, Германецот речиси сигурно нема да биде новиот тренер на кралскиот клуб. Тој е задоволен со улогата која ја има како шеф на фудбалот во Ред Бул и нема намера да се врати на тренерската клупа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Неколку луѓе ми испратија пораки прашувајќи ме за состојбата, но ниту еден од нив не е од Мадрид. Не сум заинтересиран за таа позиција”, рече Клоп неодамна по отказот на Чаби Алонсо и додаде:

„Сега сум во проект кој навистина го сакам, сакам да работам тоа што моментално го правам. Сѐ останато се само шпекулации.”

Клоп е речиси сигурно завршена приказна што се однесува до Реал Мадрид, а шпанскиот новинар Хулио Малдонадо, познат како Малдини, го открива името на новиот стратег.

Според него, клупата на кралскиот клуб од следната сезона ќе ја преземе Унаи Емери. Апсолутно сѐ води кон тоа, и тој е главен фаворит за нов тренер на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола целосно отворен: „Тие не уништија“

Ривалството што ја обележа модерната фудбалска ера и дефинираше една ера на Премиер лигата…