Дома Фудбал Класата е вечна: Погледнете ја мајсторијата од слободен удар на Тиери Анри (Видео)

Класата е вечна: Погледнете ја мајсторијата од слободен удар на Тиери Анри (Видео)

Легендарниот фудбалер Тиери Анри вчеравечер постигна извонреден гол од слободен удар, покажувајќи дека дури и во 47-та година од животот сè уште не ја изгубил својата “магичност”, која го одбележа низ фудбалските терени ширум светот и со која ја воодушевуваше публиката.

Анри се појави на јубилејот на Џибрил Сисе, кој се одржа синоќа во Оксер. Легенди од целиот свет се собраа за оваа ревијална средба, каде се соочија “Легенди на Оксер” против “Џибрил Сисе Ол Стар”.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


На натпреварот учествуваа икони како Дидиер Дрогба, Тиери Анри, Роберт Пирес, Клод Макелеле, Вилијам Гала и многу други, додека тренер на тимот на Сисе беше Арсен Венгер.

Тимот на Легенди на Оксер победи со резултат 8:4, но моментот на натпреварот го направи Тиери Анри, кој прво ги насмеа сите, а потоа импресионираше со својот гол од слободен удар.

Пирес и Дрогба се подготвуваа да го изведат слободниот удар, но токму тогаш Анри им пријде “дрско” и го изведе ударот. Сепак, со величествен удар ги потсети на деновите на слава и постигна погодок. Дрогба и Пирес одобрија и заедно со него ја прославија оваа мајсторија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал ја „краде“ големата желба на Арсенал

Реал Мадрид реши да се вклучи во трката за потписот на Мартин Зубименди, играчот од средни…