Дома Фудбал Клајверт потсети на својот славен татко: Погледнете ја магијата против Фулам (Видео)

Клајверт потсети на својот славен татко: Погледнете ја магијата против Фулам (Видео)

Фудбалерите на Борнмут го отворија седмото коло на Премиер лигата со победа против Фулам од 3:1, продолжувајќи со одличната форма на почетокот од новата сезона.

Популарните Цреши до триумфот дојдоа со пресврт, иако Фулам прв го отвори резултатот во 70. минута преку Рајан Сесењон. Но, за гостите на стадионот Виталија работите тргнаа надолу.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во 78. минута Антоан Семењо го израмнува резултатот на 1:1, а во 84. минута Џастин Клајверт, синот на славниот Патрик Клајверт, приреди мајсторија.

Клајверт на 25 метри од голот, со одлична финта ја измами одбраната, а потоа со силен удар ја испрати топката во горниот дел на мрежата на Фулам за 2:1. За овој гол зборува цела Англија, а можете да го видите подолу во видеото.

Конечната победа на Борнмут ја обезбеди Семењо со својот втор гол во шестата минута од судиското продолжение.

Борнмут сега е на второто место на табелата на Премиер лигата со 14 поени од седум натпревари, додека Фулам е на единаесеттото со осум бода.

Џастин, кој има 26 години, е дел од Борнмут од летото 2023 година кога пристигна од Рома за 10,8 милиони евра. Претходно, тој се има натпреварувано за Валенсија, Ница, Лајпциг и Ајакс.

Неговиот татко, Патрик Клајверт, останува икона на холандскиот и светскиот фудбал. Пензиониран е од 2008 година, а се прослави играјќи за Ајакс, Милан и Барселона, исто така настапуваше и за Њукасл, Валенсија, Лил и ПСВ. За репрезентацијата на Холандија има одиграно 79 натпревари, постигнувајќи 40 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриени тајни преговори меѓу УЕФА и два гиганти – се разговарало за Супелига во поинаков формат!

Проектот на Супер лигата беше најавен во 2021 година, добивајќи поддршка од неколку европс…