Дома Останати Тенис Кирјос не издржа: Се расплака на Индијан Велс (Видео)

Кирјос не издржа: Се расплака на Индијан Велс (Видео)

Враќањето на Ник Кирјос на терените во Индијан Велс кратко траеше и заврши во солзи. Австралискиот тенисер мораше да го предаде мечот на Ботик ван де Зандшулп откако го загуби првиот сет 6:7, а во вториот заостануваше со 0:3. Го предаде поради повреда на зглобот која веќе некое време му претставува опасност за крај на кариерата.

Кирјос во септември 2023 година беше подложен на операција на зглобот. Пред враќањето на тенисот на почетокот на годината во Бризбејн, во последните две години одигра само еден меч.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Новата повреда го скрши некогашниот 13-ти, а сега 1099-ти играч на АТП рангирањето, поради што седна на клупата и почна да плаче.

“Не е проблем изгубениот меч. Мислам дека се работи за количината вложен труд и работа, а јас уште чувствувам непријатност во зглобот. Веројатно поради тоа станав емоционален на крајот. Ова е еден од моите омилени турнири”, рече Кирјос по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Венус на 45 години повторно се враќа на терен: А зошто да не играм тенис!?

Тениската вест на денот, а можеби и на целиот спортски свет, беше – Венус Вилијамс п…