Дома Останати Тенис Кирјос не ја признава титулата на Синер на Вимблдон

Кирјос не ја признава титулата на Синер на Вимблдон

Ник Кирјос смета дека Синер треба да биде суспендиран две години поради допинг. Првиот светски тенисер Јаник Синер го запиша во својата биографија и трофејот на Вимблдон.

До својата прва титула на најпрестижниот гренд слем турнир Италијанецот стигна со триумф над Карлос Алкараз со 3:1 по сетови 4:6, 6:4, 6:4, 6:4.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И додека многумина ја слават победата на Италијанецот, има и такви кои го нарекуваат годинашниот турнир „Допинг Вимблдон“. Јасно е и зошто, и Ига Швјонтек, победничката на женскиот сингл, и Јаник Синер беа суспендирани некое време поради користење на недозволени средства.

Еден од оние кои не ја признаваат титулата на Јаник Синер е и Ник Кирјос. Познато е дека Австралиецот жестоко го напаѓа Синер поради допингот и смета дека требаше да добие максимална казна од две години суспензија.

Кирјос остави во пораката ѕвездичка „*“, што е јасен сигнал за неговиот став.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Каква сцена: Беше на три поени до победа, застана да го види телефонот и загуби (Видео)

Уго Умбер направи нешто досега невидено на тенискиот терен, особено не на врвното ниво. Ср…