
Ник Кирјос важи за еден од најконтроверзните тенисери во историјата на овој спорт, но е и голем пријател на Новак Ѓоковиќ.
Гостувајќи во подкастот “All on The Table”, кој го води познатиот тренер Патрик Муратоглу, Кирјос сподели детали од приватен разговор со Новак, воден во соблекувалната за време на турнирот во Индијан Велс оваа година.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
– Го прашав: “Зошто уште играш?” А тој ми одговори само: “Не знам.” Си реков тогаш: “А семејството, децата?” Повторно одговори: “Не знам” – откри Кирјос.
Овој разговор може да ги загрижи фановите на Новак бидејќи Австралиецот изјави дека никогаш не го видел Ѓоковиќ ваков, а реткост е и српскиот тенисер да повторува само еден одговор на поставените прашања.
Фото: Grok AI