
Австралискиот тенисер Ник Кирјос не можеше да не го пофали младиот тенисер Јакуб Меншик, кој одигра извонредно против најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, во финалето на турнирот во Мајами.
Кирјос истакна дека е впечатливо што Меншик, на само 19 години, покажал таква смиреност и храброст на таква сцена, што го прави неговиот настап уште повреден.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Да потсетиме, Чехот со 7:6, 7:6 го победи Ноле и го остави без 100-та АТП титула во кариерата.
„Меншик навистина е нешто посебно. Не е само тоа што имаше толкава смиреност против најдобриот тенисер на сите времиња на толку голема сцена, туку и фактот дека има само 19 години… Ова е навистина посебен млад човек со огромен потенцијал да постигне големи нешта“, напиша Кирјос на социјалните мрежи.