Дома Останати Тенис Кирјос: Докторите ми кажаа дека можеби никогаш повеќе нема да играм тенис

Кирјос: Докторите ми кажаа дека можеби никогаш повеќе нема да играм тенис

Кога можеше да биде еден од најдобрите, тоа не му беше најважно. Сега кога сака да игра повеќе од сè – тоа веќе не е така лесно. Ник Кирјос го погоди проклетството на сите оние кои врвниот спорт не го доживуваат со максимална професионалност.

Токму тоа му се случува на големиот талент од Австралија, дури и по две години пауза не може да игра без болки во раката. Дуелот од првото коло на мастерсот во Индијан Велс му го предаде на Ботик ван де Зандшулп при водство на Холанѓанецот од 7:6 (9:7), 3:0.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


– Најмногу ме боли што мислев дека ја излекував таа повреда – се пожали на болката во зглобот на раката кој веќе го оперираше и заради кој имаше толкава пауза.- Пред два дена ме заболе на тренинг, морав да го прекинам. Сега немав доволна доверба да играм до крај. Почнав да чувствувам силна болка. Најтешко ми е кога ќе помислам колку труд вложив за да се опоравам. Тоа воопшто не беше забавно. И сега повторно не можам да играм.

Кирјос вели дека пред повредата почувствувал дека му се враќа чувството за игра.

– Имаше искри на навистина добар тенис, на моменти играв навистина добро. И на тренинзите бев добар, а тогаш ме заболе раката буквално на предпоследниот поен. Порано имаше играчи кои оперирале зглоб, но ни приближно не имаа проблеми како јас. Лекарите ми рекоа дека постои можност никогаш повеќе да не играм тенис, така што ова сега е експеримент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Време ли е за пензија: Кога Ѓоковиќ играше последен пат во толку лоша форма?

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се наоѓа во многу лоша форма на почетокот…