
Најголемата можност за поврат на Сандерленд во натпреварот против Брентфорд ја промаши Енцо Ле Фи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уште еден одличен натпревар на својот стадион одигра Брентфорд, кој го совлада Сандерленд со резултат 3:0, со што се качија на петтото место на табелата, а своите гости ги оставија три бода зад нив на деветтото место.
Меѓутоа, тој натпревар не беше едносмерна улица, како што многумина би претпоставиле по резултатот. Напаѓаа двете страни, а Сандерленд имаше и најдобра можна шанса за 1:1.
Станува збор за пенал што во 60-тата минута беше доделен на гостите, а можноста да го претвори во гол ја доби францускиот офанзивец Енцо Ле Фи.
Тој се обиде да го изведе со популарната “паненка”, но изведбата беше се освен успешна.
.🚨🏴 ЕНЦО ЛЕ ФИ ПРОМАШУВА ПЕНАЛ ЗА САНДЕРЛЕНД! ❌
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) 7 јануари 2026
pic.twitter.com/HDqu2vRj3I