Дома Фудбал Останато Кикбоксерот Илиоски е спортист на годината во избор на Град Скопје

Кикбоксерот Илиоски е спортист на годината во избор на Град Скопје

На денешната свечена церемонија што се одржа во големата сала на Советот на Град Скопје, беа доделени престижните награди за најуспешните спортисти, спортистки и тренери за 2024 година. Централно место на настанот зазеде прогласувањето на Бобан Илиоски за најуспешен спортист во сениорска категорија, чест која ја заслужи благодарение на своите врвни спортски достигнувања.

Илиоски, член на кикбокс клубот „Шампион“, по вторпат ја освои оваа престижна награда, потврдувајќи ја својата доминација во сениорската конкуренција. Неговиот успех беше проследен со одлични резултати на останатите спортисти, при што на второто место се најде атлетичарот Дарио Ивановски, а третото место го освои шахистот Тони Лазов.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Листата на најуспешните десет спортисти за 2024 година ја заокружуваат:

  • Милијана Рељиќ (таеквондо),
  • Михаела Мишовска (карате),
  • Андреас Трајковски (атлетика),
  • Петар Заборски (карате),
  • Стефан Михајловски (кикбокс),
  • Симона Заборска (карате),
  • Петар Спасеновски (карате).
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алкараз поразен во финалето во Барселона, го изгуби и второто место на АТП

Холгер Руне, дански тенисер, го освои АТП турнирот во Барселона. Во финалната пресметка по…