
Според италијанските медиуми, Наполи го финализирал договорот и планира да го донесе 33-годишниот играч од средината, Кевин Де Брујне, во текот на летниот трансфер период.
Познатиот играч од средината на теренот на 30-ти јуни го завршува својот договор со Манчестер Сити, каде што помина десет години, освојувајќи ги сите можни титули. Де Брујне веќе најави дека ќе го напушти Сити, а во италијанскиот клуб ќе пристигне како слободен играч, без отштета.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Белгискиот магионичар беше на мета и на други клубови, меѓу кои Астон Вила и тим од американската MLS лига, Чикаго. Исто така, добил значајни понуди и од Саудиска Арабија, но сепак се одлучи за Наполи, известуваат италијанските медиуми, додавајќи дека претставниците на Наполи вложија големи напори да го привлечат кај нив.
Минатата година Наполи донесе тројца фудбалери со искуство од Премиер лигата: Ромелу Лукаку, Скот Мактоминај и Били Гилмур, а сега изгледа дека успеаја да го убедат и Де Брујне.
Наполи е на пат да ја заврши сезоната на челната позиција во Серија А, задржувајќи предност од еден бод пред Интер.