Дома Фудбал Кејн е машина за голови: Англичанецот урна рекорд на Халанд и Роналдо

Кејн е машина за голови: Англичанецот урна рекорд на Халанд и Роналдо

Напаѓачот на Баерн Хари Кејн (32) влезе во историјата на фудбалот како играчот кој најбрзо стигнал до 100 голови во една од најсилните пет лиги.

Кејн, против Вердер, во новата победа на Баварците во Бундеслигата (3:0), беше двоен стрелец, постигна уште еден гол од пенал за Баерн откако стана дел од германскиот гигант, и она што е најважно и по што ќе биде запаметен – стигнал до 100-тиот гол за најмал број на натпревари на сите времиња.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За ова достигнување му беа потребни само 104 натпревари.

На овој начин го надмина рекордот кој досега го имаа Ерлинг Халанд и Кристијано Роналдо, за кои беше потребен еден натпревар повеќе од Кејн за да стигнат до трицифрен број голови во клубовите од петте големи лиги.

Кејн оваа сезона, во пет натпревари во домашната лига, веќе постигнал 11 голови. Во Баерн е, да потсетиме, од 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Реал се заканила дека ќе замине ако Алонсо остане тренер

Реал Мадрид имаше добар почеток на сезоната, но сега се соочува со проблеми во соблекувалн…