Дома Фудбал Кејн добил понуда која тешко се одбива, може да заработува два милиони евра неделно!

Кејн добил понуда која тешко се одбива, може да заработува два милиони евра неделно!

Голем клуб од Блискиот Исток подготвува фантастична понуда за да го ангажира англискиот напаѓач Хари Кејн, кој моментално игра за Баерн Минхен.

Кејн се истакнува оваа сезона со импозантни 17 голови во само девет натпревари, помагајќи му на Баеррн на патот кон врвот на Бундеслигата и успешното учество во Лигата на шампионите. Со договор кој трае до 2027 година, сепак се шпекулира дека негов трансфер не е невозможен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Минатиот месец во медиумите се појави информација дека Кејн има откупна клаузула од 65,5 милиони евра доколку изрази желба за премин во зимскиот трансфер период.

Овој триесет и двегодишен напаѓач продолжува да руши рекорди. Тој стана најбрзиот фудбалер во историјата на најдобрите пет европски лиги што постигнал 100 гола за еден клуб, правејќи го тоа во само 104 натпревари. Со овој подвиг ги надмина Ерлинг Халанд и Кристијано Роналдо, кои до таа бројка стигнаа во 105 натпревари.

Особено е впечатлива сумата која му се нуди – околу 2 милиони евра неделно. За клубовите од Блискиот Исток, ваквите износи не претставуваат проблем. Кристијано Роналдо, според извештаите, заработува над 570 милиони евра за две години од договорот со Ал-Наср, што е повеќе од 680.000 евра дневно.

Германскиот Bild известува дека интересот е сериозен, потсетувајќи дека Ал-Хилал уште во 2023 година се обидел да го доведе Кејн, но тогаш неговиот приоритет бил успехот во спортот и освојувањето трофеи. Амбицијата делумно му се исполни бидејќи минатата сезона ја освои Бундеслигата, а ова лето го додаде и Суперкупот на Германија.

Меѓутоа, Bild сега тврди дека трофеите можеби повеќе не се најважната работа за Кејн, особено откако конечно успеа да подигне пехар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емисари на Арсенал пристигнаа во Торино, се подготвува понуда што не можат да ја одбијат?!

Во недела навечер ќе се одигра дербито во Италија помеѓу Јувентус и Милан, а емисарите на …