Дома Фудбал Кејн даде искрена изјава за можното враќање во Премиер лигата

Кејн даде искрена изјава за можното враќање во Премиер лигата

Хари Кејн се врати во Англија поради репрезентативните обврски и при таа прилика зборуваше за потенцијално враќање во Премиер лигата.

Како што е познато, медиумите сè повеќе пишуваат за можноста да се врати во татковината по три години, бидејќи следното лето влегува во последната година од договорот со Бајерн Минхен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, Кејн не крие дека е среќен и би преговарал со клубот за продолжување на соработката после 2027 година.

„Дефинитивно можам да се замислам во Бајерн во подолг временски период. Но, сè уште не сум преговарал со клубот на таа тема. Ако дојде до тоа, тогаш би бил подготвен да водам искрен разговор“, рече Кејн.

Потоа тој одговори и на прашањето за можно враќање во Премиер лигата.

„Премиер лига? Не знам, ако ме прашавте кога само што стигнав во Баерн Минхен, ќе одговорев дека еден ден сигурно ќе се вратам. Сега кога сум овде веќе некое време, веројатно би рекол дека шансите се помали, но пак не можам да кажам дека никогаш нема да се вратам. Сепак, сега сум потполно со Бајерн и ако водиме преговори за нов договор, ќе видиме што ќе се случи. Имам оваа и следната сезона договор, нема потреба од паника, не сум во последната година. Мирен сум, ми се допаѓа тренерот во Баерн и сè додека напредуваме и јас лично напредувам, среќен сум за сè што можеме да постигнеме“, истакна Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави видео од бесниот Алегри во дербито: Никој да не кажал ниту збор! (Видео)

Италијанските медиуми сѐ повеќе ја испитуваат улогата на Рафаел Леао во Милан, прашувајќи …