Дома Фудбал Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финализира на 1 јануари. Според новинарот Флориан Плетенберг, играчот веќе ги договорил своите лични услови со “граѓаните”.

Сити преговара со Борнмут околу структурата на плаќање на неговата ослободителна клаузула, која е во висина од 65 милиони фунти. Манчестер Сити изгледа како безспорен фаворит за носење на крилото, но дали во последен момент ќе се вклучат и други кандидати за неговиот потпис.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Пред седум-осум дена “Гардијан” тврдел дека Ливерпул е речиси сигурен нов клуб на Семењо. Денес, изворите на Островот имаат различни ставови за тоа дали шампионите ќе направат доцен обид да се вклучат во борбата за гансискиот националец.

“Телеграф”, “Дејли Мејл” и “Миррор” лансираат тезата дека Борнмут очекува пресврт и наскоро понуда од страна на Ливерпул. Не е без значение фактот дека спортскиот директор на мерсисјадци е поранешен вработен на “црешите”. Токму тој многу брзо го финализира трансферот на Милош Керкез летово. Арне Слот е под притисок од кадровски проблеми поради повредата на Исак и отсуството на Салах. Поради тоа, во последниот натпревар против Вулверхемптон, оддесно стартуваше Федерико Киеза, и тоа беше прв натпревар за Италијанецот како стартер во Премиер лигата. Џереми Фримпонг исто така може да игра како десно крило, но се очекува Ливерпул да носи нов офанзивен играч во јануари. Дали тоа може да биде Семењо?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…