
Фудбалерите на Окланд Сити ќе учествуваат на претстојното Светско клупско првенство. Првакот на Нов Зеланд не се состои од професионалци кои работат со полно работно време, така што голем дел од нив мораа да земат одмор за да можат да учествуваат на првенството. Според тренерот Пол Поса, ги очекува „најпредизвикувачката група“. Тие неодамна ја освоија Лигата на шампиони на Океанија, и ќе се натпреваруваат во група Ц против Бајерн, Бенфика и Бока Јуниорс.
„Можно е да сме се нашле во најтешката група“, изјави Поса за Reuters. „Имаме две европски фудбалски сили, Бајерн и Бенфика, заедно со Бока Јуниорс, која секогаш е опасна и способна да стигне до крајот.“
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Поса го водеше Окланд и во 2009 година, кога според поранешниот формат на турнирот, изненадија и ја завршија како петтопласирани: „Учествувавме на многу претходни изданија и тоа ни донесе искуство што ни овозможи да бидеме над очекувањата. Целта ни е да бидеме подготвени и максимално да се вложиме.“
Окланд пристигнува на овој турнир како четирикратен последователен првак на Океанија, вкупно 13-ти пат. И покрај континенталните успеси, за повеќето нивни играчи фудбалот не е примарна работа. „Сите наши играчи освен фудбалот имаат и редовни работни места“, истакнува Поса. „Сепак, нивната посветеност кон фудбалот надвор од работното време е извонредна. Мораа да искористат годишен одмор за настап на турнирот, а некои од нив не можеа да учествуваат ни на Лигата на шампиони на Океанија, исто како ни на Светското првенство.“
За разлика од претходните изданија што се играа на крајот на годината, новиот турнир се одржува од средината на јуни до средината на јули, среде домашната сезона. Ова создава дополнителни предизвици. „Предизвик е да се одржи формата кога турнирот е среде сезоната, но верувам дека сме на вистинскиот пат“, вели Поса, кој привремено го води тимот наместо Алберт Риера, отсутен поради семејни причини.
Поса веќе беше на клупата на Окланд од 2008 до 2010 година, а во 2009 со неговиот тим ги победи Шабаб Ал Ахли од ОАЕ и ТП Мазембе од ДР Конго и заврши како петти. Знае дека ќе биде тешко да се повтори тој успех: „Убаво е да сонуваме дека повторно можеме да бидеме толку компетитивни, но реални сме во врска со тежината на предизвикот.“
Фото: Auckland City/X