
Ракометна Македонија повторно дише како едно, сите билети за реваншот од финалето на Европската лига се распродадени, а салата „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета до последно место во недела, кога Алкалоид ќе се обиде да го освои својот прв европски трофеј.
Скопската арена ќе биде обоена во сино, со полни трибини и еуфорична атмосфера каква што доликува на ваков настан. Македонскиот вицешампион ќе има силен ветар во грб против грчки АЕК, во обидот да ја одбрани и зголеми предноста од три гола (29-25) стекната на првиот меч во Атина.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Избраниците на Кирил Лазаров стојат пред историска можност да ја донесат четвртата европска титула во македонскиот клупски ракомет. Досега, тоа го направија Вардар двапати во машка конкуренција и Кометал Ѓорче Петров во женска.
Неделниот реванш не е само шанса за златни букви во историјата на клубот, туку и потврда на квалитетот и визијата со која Алкалоид се проби на европската сцена. Со пеколна поддршка од трибините и искуството на клупата, надежта за нова македонска ракометна слава никогаш не била поголема.
Натпреварот се игра во терминот од 20:00 часот.