Дома Фудбал Ќе биде големо засилуваање за Евертон: Грилиш играше како во најдобрите денови! (Видео)

Ќе биде големо засилуваање за Евертон: Грилиш играше како во најдобрите денови! (Видео)

Екипата на Евертон го победи Брајтон со 2:0 во натпреварот од второто коло на англиската Премиер лига, одигран на новиот “Хил Дикинсон” стадион.

Дебито пред домашните навивачи го имаше Џек Грилиш, кој, како поранешен играч со број 10 на Манчестер Сити, покажа дека сè уште го има тој врвен квалитет за игра на високо ниво.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Грилиш асистираше за двата гола на “карамелите”. Прво му додаде на сенегалскиот напаѓач Илиман Ендиае, кој постигна водечки гол за домашната екипа во 23. минута. Потоа, во 52. минута, ја предаде топката на Џејмс Гарнер, кој изведе импресивен удар од далечина.

Брајтон имаше совршена можност да се врати во игра 13 минути пред крајот на натпреварот, но Дени Велбек не успеа да реализира пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родителите од Шкупи кои тепаа деца во Штип само ги заштитувале своите?!

По реакциите на Брегалница, МВР и Фудбалската Федерација во Македонија за скандалот кој се…