Дома Фудбал Кејн може да го напушти Баерн за „ситница“ – во неговиот договор имало специјална клазула!

Кејн може да го напушти Баерн за „ситница“ – во неговиот договор имало специјална клазула!

Германскиот Билд денес ексклузивно објави детали од договорот на Хари Кејн со минхенскиот Баерн, и откри дека Англичанецот оваа зима можел да ги напушти Баварците.

Кејн во договорот со Баерн има клаузула според која во прекинот на вчерашниот трансфер период можел да замине за 80 милиони евра, но ниту еден клуб не сакал да ја искористи таа опција или не знаел за неа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Наводно ни Кејн не сакал во овој момент да го напушти Баерн, бидејќи е среќен во Минхен и сака уште да игра за германскиот гигант.

Но, Билд пишува дека клаузулата ќе биде активна и наредната зима, кога ќе биде потребно да се плати уште помал износ за еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Тогаш откупната клаузула ќе изнесува 65 милиони евра, а Баерн така се соочува со заминувањето на главната ѕвезда, на која, многумина сметаат, сега ѝ се отворени вратите за враќање во Премиер лигата, каде што претходно играше за Тотенхем.

Тотенхем го продаде Кејн на Баерн за 95 милиони евра летото 2023 година, а оттогаш Англичанецот на 72 натпревари постигна 70 голови и запиша 22 асистенции.

Како што тврди Билд, во Баерн веќе се подготвуваат за заминувањето на Кејн па неодамна преговарале со челниците на РБ Лајпциг за трансферот на Словенецот Бенџамин Шешко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Статистиката од „Енфилд“, која го негира Чаби Алонсо

Поразот на Реал Мадрид на „Енфилд“ беше само со 0:1, но многумина прават споредба со дерби…