
Како што откри Мирко ди Натале, новинарот на Тутоспорт, Каземиро, фудбалерот на Манчестер јунајтед е понуден на италијанските великани.
Бразилецот има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната и е слободен во изборот на нова средина.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
За неговите услуги заинтересирани се Милан и Јувентус. Веќе се пишување дека на наговор од Модриќ Каземиро може да премине во Милан, но останува да видиме кој ќе понуди подобра понуда од овие два клуба.
Каземиро има 34 години. Пред Манчестер јунајтед настапуваше за Реал Мадрид и со него освои петпати Лигата на шампиони.
Покрај Реал, играше и за Порто и Сао Пауло.
Оваа сезона на 28 натпревари во Премиер лигата постигна седум гола и две асистенции.