Дома Фудбал Катастрофална вечер за Македонија – загуби со 1-7 од Велс во Кардиф

Катастрофална вечер за Македонија – загуби со 1-7 од Велс во Кардиф

Македонската репрезентација доживеа една од најтешките порази во поновата историја, губејќи убедливо со 1-7 од Велс во Кардиф, во последното коло од квалификациите за Светското првенство.

Натпреварот започна шокантно за избраниците на Милевски – домашниот тим рано поведе со головите на Вилсон и Брукс, а единствен момент на надеж беше погодокот на Боја Миовски во 23. минута, кој накратко ја врати Македонија во игра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, Велс до паузата повторно притисна и со уште еден гол замина на одмор со предност од 3-1. Продолжението донесе уште поголем пад во играта на Македонија. Џејмс го зголеми водството на 4-1, по што следеше нова серија промашени реакции во одбраната, што Вилсон го искористи за уште два погодоци. Во самиот финиш, Бродхед го постави конечниот резултат – вистинско фијаско од 7-1 за Велс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хет-трик на Рафиња: Барселона ја „попари“ Севиља (Видео)

Барселона забележа убедлива победа од 5-2 против Севиља на домашен терен во рамки на 28. к…