
Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано (43) ја коментираше состојбата во Милан. Се фокусираше на Рафаел Леао (26), главна ѕвезда и крилен напаѓач на клубот од Милано. Гостувајќи во емисијата Вива Ел Футбол, Касано силно го критикуваше Португалецот кој оваа сезона има 13 настапи, седум голови и една асистенција.
Касано смета дека Леао е преценет играч и неговата статистика не ја отсликува реалната слика на теренот. “Леао може да постигне и пет или седум голови, тоа не ме интересира. Пред некој ден во Калјари беше невидлив, но успеа да го донесе победничкиот гол за 0:1. Не умее да игра свртен со грбот кон голот”, изјави Касано, кој во периодот од 2011 до 2012 година одигра 40 натпревари за Милан и постигна осум голови и асистираше за 17.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Проблемот е во статусот што самиот си го наметнува и што другите му го наметнуваат. Може да си ги стави бројките во задникот, не ме интересираат статистиките. И Инзаги имаше бројки, а беше лош”, продолжи Касано, па го спореди Леао со бразилскиот напаѓач Ришарлисон (28) од Тотенхем.
“Знаеш на кого ме потсетува Леао? На Ришарлисон. Знае да постигне понекогаш гол, но тој е измама, одвоен е од светот. Леао е измама, нема ништо заедничко со фудбалската игра”, заклучи Касано за соиграчот на хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.
Леао играше за Спортинг и Лил пред да го донесе Милан во 2019 година за 50 милиони евра. Во 273 натпревари за италијанскиот клуб има 77 голови и 63 асистенции. Тој беше прогласен за најдобар играч во Серија А во сезоната 2021/2022, кога Милан го освои првенството. Според Трансфермаркт, неговата вредност е проценета на 70 милиони евра.