Дома Фудбал Касано: Леао е измамник и нула од фудбалер!

Касано: Леао е измамник и нула од фудбалер!

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, одговори на новите критики што му ги упати поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано.

Касано по финалето на Суперкупот на Италија, во кое Милан го победи Интер по пресврт, изјави дека Леао не е доволно добар за да игра за клубот кој седум пати беше европски шампион.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Леао не знае како да игра тимски и Консеисао брзо ќе сфати дека е нула од играч и измамник“, рече Касано во интервју на емисија на „ТикТок“.

Португалецот, кој против Интер влезе во игра во 50. минута и ја создаде победничката гол акција за Тами Абрахам, на својот профил на „Икс“ даде коментар на изјавата на Касано, нарекувајќи го кловн.

Новиот тренер на Милан, Серџо Консесао, ја пофали Леао по освојувањето на Суперкупот, но истакна дека има уште работи на кои што крилото мора да работи.

„Леао е феномен, а ако промени уште неколку работи, ќе биде еден од најдобрите играчи на светот на крајот на сезоната”, изјави Консеисао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…