
Арсенал го елиминираше Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот на тренерот Микел Артета во првиот натпревар славеше со 3:0 во Лондон, додека во реваншот на Сантјаго Бернабеу беше подобар со 1:2. Првото полувреме на мадридскиот стадион заврши 0:0, со тоа што Букајо Сака во 13-та минута обиде да поентира од пенал со паненка, но го одбрани Тибо Куртоа.
Кога играчите по 45 минути влегуваа во тунелот, повредениот бек на Реал, Дани Карвахал, рече нешто на Сака. Англичанецот му возврати, по што Карвахал тргна кон него и дојде до турканици. „Причината поради која Карвахал жестоко го критикуваше Сака е затоа што пеналот за Арсенал го изведе со паненка. Карвахал таквиот начин на изведување пенали против Реал го смета за потценување на неговиот клуб“, објави Marca.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Дефенса Сентрал“, шпански медиум специјализиран за следење на Реал, открива дека Карвахал викал во соблекувалната на мадридскиот клуб по испаѓањето и го цитирал поранешниот тренер Жозе Мурињо.
„Италијанскиот тренер Карло Анчелоти сакаше Карвахал да биде блиску до тимот во часовите пред вчерашниот натпревар против Арсенал. Исто се случи и во мечот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. За жал, резултатот овој пат не беше ист“.
По поразот, Карвахал се обиде да го подигне моралот на соиграчите и ги потсети на познатата изјава на Жозе Мурињо.
„Тие кои толку многу се веселат кога Реал губи, тоа го прават затоа што знаат дека сме најголеми“, рекол еден од капитените во соблекувалната, во момент кога атмосферата во тимот беше лоша.
Фото: Принтскрин