
Дaни Карвахал, капитенот на Реал Мадрид, изрази загриженост за регуларноста на шпанското фудбалско првенство, тврдејќи дека Ла Лига, како организатор ги со тоа што дозволи натпреварот Виляреал – Барселона да се одигра во американски град, Мајами. „Ова е очигледно прекршување на правилата на натпреварувањето. Сите екипи нема да се натпреваруваат под исти услови“, изјави 33-годишниот бек за јавната телевизија RTVE.
Шпанската лига има вкупно 20 клубови, и секоја екипа треба да одигра натпревар на домашен терен како и на теренот на противникот. Ла Лига објави дека Виљреал нема да ја пречека Барселона на свој терен, туку натпреварот на 20 декември ќе се одигра на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, што е неутрален терен за двете екипи.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Карвахал, кој летово ја превзеде капитенската лента од Лука Модриќ во Реал Мадрид, истакна дека тоа е спротивно на правилата.
„Овој натпревар е историски чекор кој ја подигнува Ла Лига и шпанскиот фудбал на сосема ново ниво“, изјави Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига.
„Разбираме и почитуваме дека оваа одлука може да предизвика загриженост, но важно е да се сфати во контекст: ова е еден натпревар од вкупно 380 во сезоната. Ла Лига има милиони навивачи ширум светот, вклучувајќи и многу кои со страст ги следат своите екипи и заслужуваат барем еднаш да ги видат во живо“, додаде тој.