Дома Останати Кошарка Кармело Ентони и Двајт Хауард примени во Куќата на славните

Кармело Ентони и Двајт Хауард примени во Куќата на славните

Кошаркарските легенди Кармело Ентони и Двајт Хауард официјално беа уфрлени во Куќата на славните на церемонија во Спрингфилд.

Покрај индивидуалните признанија, двајцата се овековечени и како дел од познатата американска репрезентација од Олимписките игри 2008 во Пекинг – “Redeem Team”, која ја врати САД на врвот по бронзата од Атина 2004.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На листата на добитници оваа година се и иконите од WNBA Маја Мур, Силвија Формс и Сју Берд, долгогодишниот НБА судија Дени Крофорд, тренерот на Чикаго Булс Били Донован и сопственикот на Мајами Хит Мики Арисон.

На церемонијата присуствуваше и Леброн Џејмс, член на “Redeem Team” и шампионскиот Мајами Хит.

Хауард емотивно им заблагодари на своите родители, додека Џејсон Кид евоцираше спомени за легендарните дуели меѓу Коби Брајант и Џејмс на тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ го подигна гласот: Оваа фрустрација најави бродолом (Видео)

Србија беше елиминирана од Европското првенство во кошарка веќе во осминафиналето и соништ…