
Карло Анчелоти, поранешен тренер на Реал, а сега селектор на Бразил, се присетил на својот претходен клуб по нивниот прв настап на Светското клубско првенство, каде што играа нерешено 1:1 против Ал Хилал. Реал Мадрид се обидува да се опорави од тој резултат и да се подготви со повеќе самодоверба за наредниот натпревар против мексиканската Пачука.
Пораката на поддршка дојде од Анчелоти, кој до неодамна имаше клучна улога во тимот. Италијанскиот стратег по натпреварот на стадионот Хард Рок испратил пораки до неколку фудбалери од првиот тим на „кралевите“ објави Defensa Central. Во нив, тој упатил јасна порака до соблекувалната што ја водеше во текот на последните четири години.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Поранешниот тренер на “кралскиот клуб” им порачал на играчите дека не смеат да се разочараат поради првиот предизвик во новата ера на клубот. “Сите против вас ќе играат на максимум, нема да ви биде лесно,” напишал Анчелоти, пренесува шпанскиот портал.
“Големите очекувања заради доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Сантијаго Бернабеу дополнително ги мотивираат противниците да дадат сè од себе. Сите сакаат да докажат дека можат да му парираат на тренерот, кој неодамна го потврди својот статус како еден од водечките европски стручњаци во фудбалот.
Токму оваа порака на Карло Анчелоти одекна во клубот, бидејќи многумина во структурите на Реал, под водството на претседателот Флорентино Перез, имаат исто мислење. Темелната анализа на натпреварот против Ал Хилал, додека траат подготовките за дуелот со Пачука, може да биде пресудна за корекција на сегашните грешки.
Без разлика на сè, Анчелоти реши да даде морална поддршка на своите поранешни играчи и истовремено да го ослободи наследникот на клупата на Реал од притисок. Иако сега ужива во улогата на селектор на Бразил, совршено добро знае колку голем е притисокот при водењето на соблекувалната на Сантијаго Бернабеу.
Фото: Real Madrid C.F/X