Дома Фудбал Кариерата на Влаховиќ повеќе нема да биде иста: Сега може да прави што сака, но се наоѓа во голем проблем

Кариерата на Влаховиќ повеќе нема да биде иста: Сега може да прави што сака, но се наоѓа во голем проблем

Јувентус донесе одлука. Душан Влаховиќ ќе биде исплатен и тој може да бара нов клуб.

Душан Влаховиќ ги одби сите предлози на Јувентус за продолжување на соработката. Осум милиони евра по сезона за нов договор му беа малку, а кога клубот одлучи да го продаде, порача дека не сака никаде да оди и дека ќе седи на трибините во следната сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Србинот не сака да се откаже од својата плата од 12 милиони евра нето. Никој друг не му нуди толку пари, освен тимовите од Саудиска Арабија и Турција. Ал-Ахли и Фенербахче беа подготвени да платат и повеќе, но Влаховиќ одби да замине.

Клубот од Торино ќе му ја исплати преостанатата сезона од договорот и конечно ќе се ослободи од неволјата внатре во соблекувалната.

“Јувентус сака да го раскине договорот на Душан Влаховиќ кој важи до јуни следната година. На овој начин, ќе го симнат од платниот список”, според Газета.

Тоа значи и потпишување на нови напаѓачи. Џонатан Дејвид веќе е завршен и ќе го носи бело-црниот дрес, а клубот по завршувањето на соработката со Душан почнува да го привлекува Виктор Осимен.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Евертон го засилува тимот со еден од најталентираните млади англиски фудбалери

Талентираниот 19-годишен фудбалер на Саутхемптон, Тајлер Диблинг, ја продолжува својата ка…