
НБА ОЛ-СТАРот се играше во нов формат на мини-турнир со четири екипи и три натпревари – два полуфинални и еден финален, кој припадна на “Тим Шек”. Во финалето тие победија против “Тим Чак” со 41:25. Во форматот “прв до 40”, екипата составена од американски играчи и предводена од Шекил О’Нил се снајде подобро против странските ѕвезди предводени од Чарлс Баркли.
Ол-Стар натпреварот инаку се играше меѓу најдобрите играчи на Источната и Западната конференција, но оваа сезона форматот се промени. Осум играчи влегоа од секоја конференција, по што легендите на НБА, а денес стручни коментатори Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит ги избираа своите тимови.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Тимот на Чарлс Баркли го победи составот на Кени Смит со 41:32, додека избраниците на Шекил О’Нил ги победија играчите на Кендас Паркер со 42:35. Во финалето, Шековите играчи славеа со 41:25 против играчите на Баркли. Шок за НБА и нејзините фанови приреди Леброн Џејмс (40). Еден од најголемите кошаркари во историјата само еден час пред почетокот на турнирот објави дека нема да игра и на тој начин по прв пат по 20 години го пропушти Ол-Старот.
Татум и Кари подобри од Јокиќ и Вемби
Во финалето, Стеф Кари, Кевин Дурент, Џејмс Харден и тимот славеа, отворајќи го финалето со серија од 11:0. Осум од тие поени постигна Џејсон Татум, кој до крајот беше најефикасен со 15 поени. Кари постигна 12 поени и беше прогласен за МВП.
Секој играч од тимот на Шек заработи по 125.000 долари за победата. Играчите на тимот на Чак добија по 50.000 долари, додека играчите кои испаднаа во полуфиналето добија по 25.000 долари.