
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега експерт за анализа на Скај Спорт, Џејми Каргер, ја пофали управата на неговиот клуб за одличната работа во изминатиот трансфер период.
Ливерпул ова лето потроши дури 481 милион евра за привлекување нови играчи, што го остави својот белег во 133-годишната историја на клубот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Каргер изрази задоволство од начинот на кој е извршена реконструкцијата на тимот.
„Енфилд сега потсетува на златното време од седумдесеттите и осумдесеттите години, кога Ливерпул беше еден од најпривлчените клубови не само во Англија, туку и во Европа. Со рекордната сума платена за Александар Исак, трансформацијата на Ливерпул во галактикоси на Премиер лигата е завршена“, изјави Каргер, и продолжи:
„Ливерпул се однесува како Реал Мадрид во ерата на Флорентино Перез, Барселона во своите златни години, како Манчестер јунајтед во времето кога Сер Алекс Фергусон можеше да го донесе секој играч кој го посакуваше. Дури и како Челси кога Роман Абрамович го преземаше клубот“, додаде Каргер.